Приклучување на производители

Вашата намера да инвестирате во производство на електрична енергија од обновливи извори ја сметаме за позитивен и правилен чекор кон одржливиот развој и здравата животна средина.

Како инвеститор во производство на електрична енергија од обновливи извори имате право на користење на повластена тарифа за производство на електрична енергија од обновливи извори утврдена од Регулаторна комисија за енергетика, доколку се стекнете со статус на повластен производител согласно закон.

Пред да добиете право за користење на тарифите, неопходно е да ги обезбедите потребните лиценци и овластувања и да се приклучите на дистрибутивната мрежа на Електродистрибуција.

Ние сме ваш партнер во обезбедување на приклучок на производствениот објект на дистрибутивната мрежа.

Барањето за согласност за приклучување на производител се поднесува преку електронската платформа на Електродистрибуција достапна на следниот линк.