За нас

Електродистрибуција ДООЕЛ е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија во Република Македонија. Компанијата е дел од EVN групацијата.

Најважна цел за Електродистрибуција е сигурно и квалитетно снабдување на корисниците со електрична енергија.
Од влезот на групацијата EVN во Македонија, во април 2006 година до 2016 година инвестирани се повеќе од 300 милиони евра, изградени се 5 нови високонапонски и 1 050 дистрибутивни трафостаници на среден напон. Изградена е нова мрежа во должина од 160 километри на висок напон, 3800 километри на среден и 1 700 километри на низок напон. 850 000 стари броила се заменети со но нови и автоматизирани. Со овие инвестиции значително се намалија техничките загуби во системот и со тоа се подобри неговата енергетска ефикасност.

Во интерес на сигурното снабдување со електрична енергија на целата територија на државата распространети се дежурни екипи за отстранување на дефекти, кои дејствуваат брзо и ефективно. Инвестициите и мерките за подобра организација на компанијата дадоа свој резултат и придонесоа кон посигурно снабдување, намалување на загубите и зголемено ниво на задоволство кај корисниците.