Приклучувањето на објектите на правните и физичките лица на електричната мрежа на Електродистрибуција се врши врз основа на Решение за согласност за приклучување издадено од страна на компанијата.
Согласност за приклучување на електричната мрежа на Електродистрибуција е потребна при:
- изградба на нов објект кој се приклучува на дистрибутивната мрежа
- поставување на генераторски единици од обновливи извори на електрична енергија за сопствени потреби или за продажба
- зголемување на одобрената максимална едновремена моќност на корисникот на дистрибутивната мрежа
- промена или реконструкција на приклучокот по барање на корисникот на дистрибутивната мрежа
- одвојување на инсталации на објект кој е веќе приклучен на дистрибутивната мрежа
- спојување на инсталации на објект кој е веќе приклучен на дистрибутивната мрежа
Барањето за согласност за приклучување се поднесува до Корисничките Енерго Центри на Електродистрибуција.