Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија. Компанијата е дел од EVN групацијата.
 
ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА вработува професионалци од различни области. Нашите вработени се луѓе кои се секогаш подготвени со својот труд, знаење и искуство да излезат во пресрет на барањата на корисниците. За возврат ние им обезбедуваме можности за обука, личен развој и напредок во кариерата, во пријатна атмосфера со изразен тимски дух.
 
При вработување, нудиме еднакви можности и правичен третман на сите лица без оглед на нивниот  пол, религија, национална припадност, раса, вид на попреченост или политичка припадност.
Непосредно соработуваме со образовните институции во земјата и воведуваме проекти за идентификување и развивање на талентирани кадри од електроенергетската струка.
 
Нашата посветеност кон развојот на нашите вработени, нивната безбедност и здравје и обезбедување на еднакви можности за сите ја прават ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА еден од најатрактивните работодавачи во земјата.