Промена на снабдувач

Процесот за промена на снабдувач е дефиниран во Правилата за снабдување со електрична енергија донесени од Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија.

Процесот за промена на снабдувач трае најдолго три недели при што промената секогаш се извршува на првиот ден од месецот. Барањата за промена на снабдувач се изготвуваат со помош на  Switching List при што изготвените документи (.csv) со мерните места за промена се доставуваат до Операторот на дистрибутивниот систем во електронска форма преку Апликацијата за снабдувачи.

На следниот линк е поставено Упатство за промена на снабдувач

Процесот може да биде прекинат само во следниве случаи:

  • веќе е започнат процес за промена на снабдувач или на корисник;
  • грешни информации во барањето за промена на снабдувач;
  • потрошувачот се снабдува преку друг потрошувач.
  • за потрошувачот е започната постапка за исклучување од претходниот снабдувач
  • операторот започнал постапка за исклучување на потрошувач поради неплатени фактури за користење на мрежа.
* Целата комуникација со снабдувачите во врска со процесот за промена на снабдувач се одвива преку Апликација за снабдувачи.

Календар со датуми на промена на снабдувач