Електромобилност со ЕВН

Следејќи ги глобалните трендови, ЕВН презема конкретни чекори во функција на поширока адаптација на електромобилноста во Македонија. Најбитен предуслов за поинтензивно користење на електричните возила е постоењето на соодветна развиена инфраструктура за полнење. Покрај полнењето во своите домови, за да можат да патуваат на поголеми дистанци, на сопствениците на електрични возила им се потребни и полначи достапни на јавни површини. Полначите е неопходно да се поставени во правецот на движење на возачите и на дистанци до 100km еден од друг.

ЕВН, во соработка со општините во Македонија изгради сериозна електрична инфраструктура низ целата држава. Во рамки на проектот за развој на електромобилноста, ЕВН постави станици за полнење на електрични возила во 17 градови во Македонија. Во Град Скопје, поставени се повеќе полначи кои покрај на јавни површини, достапни се и во фреквентни приватни објекти како хотели, шопинг центри и слично.

Отсега сите сопственици на електрични возила, од Македонија или од странство, ќе можат да патуваат непречено во било кој правец во земјата, но и надвор од неа.

Користењето на полначите е бесплатно за време на иницијалниот промотивен период. За користење полначите, возачите треба да се пријават за картичка за полнење.

Целите на ЕВН се јасни – зголемување на бројот на електрични возила на македонските улици што ќе придонесе за намалување на загадувањето на воздухот, помала бучава во урбаните средини и долгорочна одржливост на животната околина. ЕВН во континуитет продолжи да ја шири и подобрува мрежата, особено со очекуваниот зголемен интензитет на користење на овие возила.
Повеќе информации за проектот во брошурата за Електромобилност.