Дали хибридно возило може да се полни на полначите на ЕВН? Хибридно возило може да се полни на ЕВН полначите, само доколку станува збор за прилучен или т.н. “plug in” хибрид, односно доколку возилото има опција за полнење и поседува соодветен кабел со соодветен приклучок (Тип 2). Кој тип на приклучок се полначите кои ги поседува ЕВН? Полначите кои се инсталирани од страна на ЕВН се со приклучок Тип 2. 3. Што е Тип 2 конектор? Тип 2 претставува модел на приклучок што е унифициран на ниво на Европска Унија. Покрај Тип 2, во светот се користат и друг тип на приклучоци (Type 1, Type 3, Commando, Chademo, CCS/ Combo, Schuko, 3 Pinsquare...) Со колкава моќност се инсталираните полначи? ЕВН на територија на Македонија има инсталирано 5 полначи со моќност од 22 kW (за полнење на по едно возило) и 35 полначи со моќност од 2x22 kW, каде две возила истовремено можат да вршат полнење. На кои локаци се наоѓаат електричните полначи? Детална мапа на локации тука. Како се врши полнење на полначите на ЕВН? За да можете да вршите полнење на вашето електрично возило на полначите на ЕВН, потребно е да поседувате картичка со која се врши верификација на полнење. Подетални инструкции за начинот на полнење тука. Како се наплатува полнењето? Полнењето на полначите на ЕВН во првите година дена од програмата е бесплатно. За промените корисниците ќе бидат навремено известени. Како до картичка за полнење? Пополнете барање онлајн тука или пак обратете се во Инфо центарот на ЕВН (ГТЦ приземје). Кој може да поседува картичка за полнење? Картичка може добие било кое физичко лице или компанија што поседува електрично возило со тоа што задолжително мора да пополни барање за издавање на картичка.